Во терминот од 17:30 часот во рамките од 27 коло во Премиер лигата својот натпревар го одиграа екипите на Саутемптон и Ливерпул.
„Црвените“ одиграа одличен натпревар и славеа победа на гостински терен од 0:2. Роберто Фирмино успеа да погоди после само шест минути игра, асистент на овој погодок беше Мохамед Салах.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се играше финишот од првиот дел кога повторно проработе фантастичниот тандем на Ливерпу, Фирмино-Салах. Овој пат стрелецот на првиот гол беше во улога на асистент кој на фантастичен начин со пета го проигра својот соиграч за предност од 0:2.
Во вториот дел Ливерпул продолжи со добрата игра, ја имаше контролата во текот на целиот натпревар, за на крај да стигнат до посакуваните три бода.
По денешниот пораз на Јунајтед и оваа победа на Ливерпул, „црвените“ стигнуваат на само два бода од втората позиција.