Дома Останати Кошарка Видео: Лејкерси се разбудија во вториот дел Кузма најефикасен!

Видео: Лејкерси се разбудија во вториот дел Кузма најефикасен!

Изминатата вечер во НБА лигата се одигра само еден натпревар во кој Лос Анџелес Лејкерс славеше победа против Чикаго Булс.

Лејкерси славеа со 103:94 и стигна осмата победа во сезоната во која имаа и десет порази. За Чикаго ова беше 12 пораз.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Гостите подобро го отворија на натпреварот и на полувреме имаа дури 14 поени предност, но таа предност се стопи во третата четвртина во која Чикаго одигра слабо и во завршната четвртина влегоа со само три поени предност. На крајот Лејкерси успеаа да стигнат и до целосен пресврт.

Најдобар во победата на Лејкерси беше Кај Кузма со 22 поени, Калдвел Поп додаде поен помалку и покрај тоа забележа девет скокови. Брендон Инграм натпреварот го заврши 17 поени, Џордан Кларксон запиша дабл-дабл од десет поени и десет скокови, а Лонзо Бол постигна осум поени, но беше одличен под обрачот каде што забележа 13 скокови.

Во екипата на Чикаго најефикасен беше Дензел Валентајн со 17 поени. Антонио Блејкени додаде два помалку, Робин Лопез постигна 14, Лаури Марканен забележа 13 поени и 14 скокови за дабл-дабл, а Џастин Холидеј натпреварот го заврши со дабл-дабл од десет поени и десет скокови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Откриено колку Леброн Џејмс троши пари на своето тело

Гери Пејтон проценува дека Леброн Џејмс годишно троши скоро два милиони долари за да го &#…