Блескавите партии на Демар Дерозан, Јонас Валнчуинас, Расел Вестбрук, Џордан Кларксон, Џејмс Харден и Ентони Дејвис ги обележаа десетте натпревари во НБА лигата кои се одиграа синоќа.
Вицепрвакот во Источната конференција Торонто славеше против Детроит 109-91. Дерозан постигна 40 поени (21 во третата четвртина), а Валанчуинас забележа „дабл-дабл“ од 32 поени и 11 скокови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Оклахома победи во Филаделфија 103-97. Расел Вестбрук беше на чекор до „трипл-дабл“, тој натпреварот го заврши со 32 поени, 12 скокови и 9 асистенции. На спротивната страна дебитантот Џоел Ембид за 22 минути постигна 20 поени.
Лејкерси, во ерата без Коби Брајант, влегоа со победа над Хјустон 120-114. Џордан Кларксон ги предводеше „езерџиите“, за 25 минути колку што мина на теренот тој постигна исто толку поени. На Хјустон не му помогнаа ниту 34 поени и 17 асистенции на Џејмс Харден.
Неверојатен меч одигра и центарот на Њу Орлеанс, Ентони Дејвис, но неговиот тим не успеа да слави против Денвер 102-107. Дејвис, кој пред две недели се врати на терените по тешката повреда натпреварот го заврши со 50 поени, 16 скокови, 7 украдени топки, 5 аситенции и 4 блокади.
Резултати: Орландо-Мајами 96:108, Бостон-Бруклин 122:117, Торонто-Детроит 109:91, Индијана-Далас 130:121, Мемфис-Минесота 102:98, Милвокли-Шарлот 96:107, Њу Орлеанс-Денвер 102:107, Филаделфија-Оклахома 97:103, Феникс-Сакраменто 94:113, ЛА Лејкерс-Хјустон 120:114.