Реал Мадрид во рамките од 13 коло во Премиер лигата потешко од очекувањата стигна до победа над Малага од 3:2.
На стартот од средбата не се насетуваше дека „кралевите“ ќе имаат проблеми во денешниот натпревар. Карим Бензема го искористи одличниот скок на Роналдо кој ја погоди пречката, па одбиената топка ја смести во мрежата на гостите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако Малага не создаваше шанси пред голот на домаќинот сепак успеа да стигне до погодок за израмнување. Лошото додавање на Тони Крос го искористи Ролан кој во 18 минута од средбата изедначи на 1:1. Само три минути подоцна Касемиро повторно ги врати „кралевите“ во водство.
Малага во финишот од полувремето постигна и погодок за изедначување, но главниот судија на натпреварот го поништи овој погодок. Останува нејасно дали сметаше дека има прекршок во напад или пак досуди крај на полувремето.
Гостите сепак успеаа да стигнат до изедначување. Кастро во 58 минута со одличен удар изедначи на 2:2. Реал до голот за победа дојде во 76 минута и тоа преку Роналдо кој по промашениот пенал успеа да ја смести топката во мрежата на домаќините за три бода на својот тим.
Овој погодок за Роналдо беше само втор оваа сезона во домашното првенство.