Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: „Кралевите“ го освоија Минхен!

Видео: „Кралевите“ го освоија Минхен!

Реал Мадрид со головите на Кристиано Роналдо оствари голема победа во Минхен и обезбеди предност од 2:1, во пресрет на реваншот во Мадрид.

Баерн без повредениот Роберт Левандовски, не успеа да создаде доволен број шанси пред голот на Кејлор Навас, но и во таквиот развој на настаните, во првиот дел беше во подобра положба од противникот.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Откако Карим Бензема по 18 минути игра ја погоди гредата, Баерн стигна до предност со голот на Артуро Видал. Чилеанецот беше највисок во скокот по корнерот на Алкантара и ја закова топката во голот.

Клучниот момент на мечот се случи во 45 минута кога Видал не успа да реалзиира пенал, неговиот удар заврши над голот на Навас.

Вториот дел го отвори Роналдо со гол во 47-та минута. Португалецот со волеј ја затресе мрежата на Нојер. Баерн потоа во 61-та минута остана со играч помалку. Хави Мартинез поради два страта над Роналдо, во интервал од само четири минути доби два жолти картони.

Со играч повеќе на терено Реал силно притисна кон голот на противникот, но Нојер го спасуваше својот тим се до 77-та минута кога втор пат го совлада Роналдо. Португалецот стигна до својот 100-ти гол во европските купови.

Атлетико, во Мадрид, го пречека англискиот шампион Лестер и победи со голот на Гризман од сомнителен пенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Италијанците им забранија на навивачите на Црвена Звезда да доаѓаат во Милано

Фудбалерите на Црвена звезда ќе имаат две гостувања во Милано како дел од групната фаза од…