Дома Фудбал ВИДЕО Кејн дебитираше за Баерн со гол и асистенција во победата над Вердер

ВИДЕО Кејн дебитираше за Баерн со гол и асистенција во победата над Вердер

Баерн ја започна новата сезона во германската Бундес лига онака како што ја заврши минатата – триумфално.

Германскиот шампион му даде четири гола на домашниот Вердер на гостувањето во Бремен и со тоа веднаш седна на врвот на табелата со гол разлика што испраќа порака до ривалите.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Не само што Баерн продолжи таму каде што застана, туку и Хари Кејн. По трансферот од Тотенхем, во кој погодуваше како на лента во последните сезони, англискиот напаѓач покажа дека нема да бидат поштедени ниту одбраните во Бундеслигата.

Тој асистираше за првиот гол на Лерој Сане во 4. минута, а вториот го постигна по асистенција на Алфонсо Дејвис во 74. минута.

Баерн во тој момент требаше само да го приведе натпреварот кон крајот, а тоа го направи со уште два гола.

Во 90. минута Сане повторно беше прецизен на асистенција на Милер, а неговата втора асистенција на мечот четири минути подоцна ја забележа Дејвис. Стрелец беше Матис Тел. Погледнете ги головите ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бернардо Силва има рок да каже „ДА“ на Јувентус, неговиот сонародник му предлага други опции

Триесет и едногодишниот португалски играч за врска Бернардо Силва полека го завршува својо…