
Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни 12 натпревари.
Во дерби натпреварот на домашен терен Бостон славеше против Кливленд со резултат 102:88. Тери Розер со 20 поени, четири скока и три асистенции беше најдобар во тимот на Селтикси, додека во редовите на Кливленд тоа беше Леброн Џејмс со 19 поени, седум скокови и шест асистенции.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Кошаркарите на Хјустон во Орландо славеа со резултат 116:98. Во тимот на Рокетс го немаше повредениот Џејмс Харден, но се истакнаа Гералд Грин со 27 поени, шест скокови и две асистенции, како и Клинт Капел со 21 поен и осум скокови.
Оклахома забележа победа во Лос Анџелес против Лејкерси со 96:133. Најдобар во редовите на Оклахома беше Пол Џорџ со 24 поени, два скока и три асистенции и Теренес Фергусон со 24 поени, еден скок и една систенција, додека Расел Вестбрук постигна дабл-дабл со 20 поени, шест скокови и 12 асистенции.
Голден Стејт во Далас славеше против Маверикс со 125:122. Стеф Кари со 32 поени, пет скокови и осум скокови ги предводеше Вориорси до победа, а следеа Дурант со 25 поени, 12 скокови и шест асистенции, како и Клеј Томпсон со 25 поени, пет скокови и четири асистенции.