Дома Фудбал Англија Видео: Каков човек! – „Покер“ и асистенција за Салах, Фирмино погоди со пета!

Видео: Каков човек! – „Покер“ и асистенција за Салах, Фирмино погоди со пета!

Ливерпул денес во терминот од 18:00 часот во Премиер лигата го одигра натпреварот против Вотфорд.

„Црвените“ предводени од неверојатениот Мохамед Салах стигнаа до победа од 5:0. На самиот старт Салах го најави фантастичниот настап, погоди уште во четвртата минута.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


За нов погодок на Египќанецот се чекаше до финишот на првиот дел кога во 43 минута по проигрувањето од Робертсон ја затресе мрежата за 2:0. После само пет минути игра во вториот Ливерпул стигна до предност од 3:0.

Овој пат стрелец не беше Салах, но беше асистент, а погоди Роберто Фирмино на мајсторски начин со пета! Се играше 77 минута кога ја надмудри скоро целата одбрана на Вотфорд, пред него паднаа и двајца противнички фудбалери пред да ја испрати топката во мрежата за 4:0.

И тоа не беше се на пет минути пред крајот, Ингс шутираше, а на вистинското место се најде кој друг ако не Мо Салах за конечни 5:0.

Уште поинтересно е што Салах вечерва го погоди секој удар кој го упати кон голот на противникот.





Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим: Проблемот не е во системот, туку во начинот на кој ги правиме работите

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, изјави дека утрешниот противник на тимот, С…