Дома Луд Спорт Видео: Жестока тепачка меѓу фановите на Севиља и Динамо Загреб!

Видео: Жестока тепачка меѓу фановите на Севиља и Динамо Загреб!

Динамо Загреб вечерва и гостува на Севиља во натпревар од Лигата на шампионите, а синоќа екстремните навивачи на двата тима со тепачка во центарот на градот го „најавија“ натпреварот.

Навивачите на Динамо, наречени „Бед Блу Бојс“, во вторникот вечерта имале блиска средба со екстремните фанови на Севиља. „Мундо Депортиво“ пишува дека стотина хрватски навивачи кои со часови пиеле во центарот на градот започнале да кршат се околу себе, а „АС“ наведува дека „Бед Блу Бојс“ веќе ја имаат покажано својата лоша страна на шпанска почва.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


„Навивачите на Динамо беа во еден ресторан кога беа нападнати од навивачи на Севилја, по што започна застрашувачка тепачка, во која се користеа палки и столици“, раскажа очевидец на тепачката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…