Дома Фудбал Лига на шампиони ВИДЕО: Европскиот шампион падна во Русија, „нула“ на Јунајтед и Валенсија, Рома „пукна петарда“!

ВИДЕО: Европскиот шампион падна во Русија, „нула“ на Јунајтед и Валенсија, Рома „пукна петарда“!

Вечерва со почеток од 21:00 часот се одиграа шест натпревари во рамките од второто коло во Лигата на шампионите.

Секако најголемото изненадување го приреди руската ЦСКА Москва која вечерва освои три бода против европскиот шампион, Реал Мадрид.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Русите до предност стигнаа уште во втората минута кога грешката на Тони Крос ја искористи Власиќ и го матираше Кејлор Навас.

Во продолжение од натпреварот Реал доминираше имаше и имаше скоро 70% проценти посед на топката и упатија над 20 удари кон противничкиот гол, но недостасуваше реализацијата. После овој пораз Реал во групата „Г“ ќе биде второпласиран со три освоени бодови, со учинок од еден пораз и една победа. Лидер е ЦСКА со еден бод повеќе. Зад нив следуваат Рома и Викторија Плзен.

Во последните моменти од средбата голманот на ЦСКА, Игор Акифеев заработи исклучување.

Во натпреварот од кој се очекуваше да понуди најмногу возбудвања, понуди најмалку. Манчестер Јунајтед и Валенсија одиграа без голови 0:0.

На оваа средба најголемо внимание привлече несмасниот потег на Ромелу Лукаку од првото полувреме.

Рома беше убедлива и на домашен терен славеше со 5:0 против Викторија Плзен, Баерн и Ајакс одиграа реми 1:1, Лион и Шахтјор исто така ги поделија бодовите со резултат 2:2, додека Бенфика на гостински терен кај АЕК запиша победа од 2:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …