Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни седум натпревари, а најинтересно беше во Филаделфија каде што домаќините после голема борба и продолженија го совладаа Шарлот со 133:132.
Филаделфија од почетокот на втората, па се до половината на четвртата четвртина имаа предност, која во поголемиот дел од и тоа како беше со повеќе поени разлика.
На половината на третата четвртина домаќинот имаше и +21, а во последните десет минути влеговме со резултат 96:85.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Хорнетси не се предаваа и полека ја „топеа“ предноста на противникот во последната четвртина, за на средина од истата да стигнат и до водство. После поените на Кемба Валкер на 27 секунди пред крајот Хорнетси имаа и два поени предност 117:119, но Ембид неколку минути подоцна од линијата за слободни фрлања го изедначи резултатот.
После 48 минути игра резултатот беше 119:119, па се премина кон продолжение во кое домаќините имаа поголема концентрација и на крајот славеа победа.
Одличен натпревар одигра Ембид кој запиша дабл-дабл со 42 поени и 18 скокови. Дабл-дабл имаше Симонс со 22 поени и 13 асистенции. Кај Хорнетси најефикасен беше Кемба Валкер со 30 поени.
Бруклин Нетс запишаа победа против Денвер со резултат 112:110. Најефикасен во победничкиот тим беше Д’Aнџело Росел со 23 поени, Џарет Ален додаде 18, додека Карис Леверт уфрли поен помалку.
На другата стрнаа Никола Јокиќ после неколку послаби поентерски вечери овој натпревар го заврши со 37 поени и 21 скок. На тој начин тој го изедначи рекордот на кариерата по бројот на скокови.
НБА резултати
Орландо – Вашингтон 117:108
Филаделфија – Шарлот 133:132
Атланта – Детроит 109:124
Мајами – Индијана 102:110
Денвер – Бруклин 110:112
Јута – Бостон 123:115
Сакраменто – Минесота 121:110