Дома Останати Кошарка Видео: Дербито за Кливленд, Леброн најефикасен, Малкум уфрли „50ка“, одличен и Богдановиќ

Видео: Дербито за Кливленд, Леброн најефикасен, Малкум уфрли „50ка“, одличен и Богдановиќ

lebron

Изминатата вечер во НБА лигата беа одигра осума натпревари, а секако најголемо внимание привлекуваше натпреварот помеѓу Кливленд и Мајами.

Кавси успеаа да се опорават од бламажата во Детроит кога си дозвилија 125 поени и славеа над Мајами со 91:89. Оваа победа за Кливленд дојде само еден ден откако на подолг период останаа без Кевин Лав кого веќе денес го чека операција и пауза од најмалку два месеци.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Кливленд до победата беше предводен од Леброн Џејмс со 24 поени, 11 скокови и пет асистенции, додека Џа Краудер ја уфрли можеби и најважната тројка на натпреварот.

Во редовите на Мајами Горан Драгиќ постигна 18, а Џош Ричардсон 15 поени.

Бостон убедливо славеше против Њу Јорк Никси со резултат 103:73. Клучната предност лидерот на Истокот ја направи во третата четвртина кога успеа да направи предност од 16 поени, потоа во последната од минута во минута Селтикси само ја зголемуваа предноста.

Оваа победа на Бостон дополнително добива на значење ако се знае дека играа без Кајри Ирвинг и Маркус Смарт. Во нивно отуство главното место го превзема Тери Розиер кој оствари трипл-дабл, 17 поени, 11 скокови и 10 асисстенции.

Кај Никси најефикасен беше Еенес Кантер со дабл-дабл учинок (17 поени, 17 скокови).

Богдановиќ беше одличен во тесната победа на Индијана на Мефис (105:101) и успеа да уфрли 21 поени. Додека вечервта ја обележи Меколум кој во победата на Портланд од 124:108 успеа да постигне неверојатни 50 поени.

НБА резултати:

Индијана – Мемфис 105:101

Орландо – ЛА Лејкерси 127:105

Атланта – Шарлот – 110:123

Бруклин – Филаделфија 116:108

Кливленд – Мајами 91:89

Бостон – Њу Јорк 103:73

Портланд – Чикаго 124:108.

Феникс – Далас 102:88

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Хрватот Шариќ го праша Јокиќ дали ќе му го даде неговиот коњ – доби краток и јасен одговор

Во редовите на Денвер беше спроведен интересен разговор помеѓу соиграчите во кој се корист…