Изминатата вечер во НБА лигата беа одигра шест натпревари.
Голден Стејт се оппорави од поразот од Тендер и рутински излезе на крај спротив Далас 121:103, после убедливата игра во второто полувреме.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Најефикасен во редовите на Вориорсите беше Кевин Дурант со 24 поени, Стеф Кари додаде 20 поени, Томпсон уфрли 18, а Дрејмонд Грин стигна до 12 поени. На другата страна Денис Смит беше најефикасен.
Ослабената Оклахома загуби од Лејкерси 106:81. Тандерси играа без Вестбрук и Ентино и тоа како можеше да се почустувва. Блескаше Колдвел Поп со 20 поени и седум скокови, Брендон Инграм имаше 19 поени и 6 асистенции, Рендл додаде 17, а Кузма 16. Во редовите на Оклахома најефикасен беше Пол Џорџ со 25 поени, а Стивен Адамс додаде 13 поени.
Кемба Вокер во победата на Шарлот над Портланд после продолженија (109:103) стигна до 40 поени, го следеше Меколум со 22 поени. Одличен во редовите на Портланд беше Јусуф Нуркиќ со 24 поени и 14 скокови.
НБА резултати:
Орландо – Атланта 100:98
Торонто – Њујорк 113:88
Вашингтон – Бостон 104:110
Портланд – Шарлот 109:103
Лос Анџелес Лејкерси – Оклахома 106:81
Голден Стејт – Далас 121:103