Дома Останати Кошарка Видео: Грин фантастичен во дербито, Јокиќ повторно на чекорд од трипл-дабл, дабл-дабл на Миротиќ, Дејвис 44+17!

Видео: Грин фантастичен во дербито, Јокиќ повторно на чекорд од трипл-дабл, дабл-дабл на Миротиќ, Дејвис 44+17!

golden

Изминатата вечерв во НБА лигата се одиграа седум натпревари.

Во дербито на вчерта воедно на целата западна конференција актуелниот шампион Голден Стејт на домашен терен го совлада Сан Антонио Спарс со 122:105.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Гостите од Сан Антонио без Каваи Ленард одличо го започнаа натпреварот во Оукленд и првата четвртина ја добија со десет поени разлика 37:27. Од тој момент Вориорсите ги земаа работите во свои раце и заиграа многу подобро во одбраната. Во наредните две четвртина вкупно примија само 38 поени, додека во секоја наредна постигнуваа барем по 31.

Дрејмодн Грин имаше одличен настап со 35 поени, 11 асистенции и осум скокови, следуваше Томпсон со 25 погодоци, двоцифрени во Ворироси беа уште Стеф Кари 17, Дејвид Вест 13, Заза Пашули со 12 и Кевин Дурант со 10 поени.

На другата страна Кајл Андерсон и Лемаркус Олдриџ постигнаа по 20 поени.

Денвер со Јокиќ повторно им се врати на победите совладан беше Феникс со резултат 113:123. Србинот повторно беше на чекор од трипл-дабл. Јокиќ стигна до учинок од 21 поен, девет скокови и осум асистенции.

Во победничкиот тим освен Јокиќ се истакнаа и Вилсон Чендлер (26 поени) и Вил Бартон (25). Во редовите на Феникс најефикасни беа Ти Џеј Ворен (31 поен), Бендер (23 поени),  Џош Џексон (20).

Натпреварот помеѓу Бруклин и Њу Орлеанс отиде во продолженија, а славеа гостите (138:128). Најефикасен на оваа средба а воедно и во целата вечер беше Eнтони Дејвис со 44 поени, а покрај тоа украде и 17 топки. Одличен беше и Рондо со 25 поени, 10 скокови и 12 асистенции, Никола Миротиќ стигна до дабл-дабл со 21 поени и 16 скокови.

 

НБА резултати

Бруклин – Њу Орлеанс 128:138 (после продолежнија)

Орландо – Милвоки (104:111)

Филаделфија – ЛА Клиперси 112:98

Чикаго – Вашингтон 90:101

Голден Стејт – Сан Антонио 122:105

Далас – ЛА Лејкерси

Феникс – Денвер 113:123

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Арсенал тргнува по Влаховиќ

Душан Влаховиќ минатото лето беше мета на многу европски гиганти, но одличи да остане вере…