Цела Шпанија или поголем дел од Шпанија и два дена подоцна зборува само за едно – голот на Кристиано Роналдо против Јувентус.
Реномираната „Марка“ денес на насловната страна го објави следниот наслов: Гол за фудбалски музеј“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сите се импресиониран, но тренерот на Атлетико Мадрид тврди дека видел и поубав гол. Пред натпреварот со Спортинг во Лигата на Европа новинарите го запрашаа Симеоне дали голот на Кристиано Роналдо е најубав кој го видел во неговата играчка и тренерска кариера.
„Не, сум видел и поубави погодоци. Се сеќавам на 1986 година. Играа Ривер и репрезентацијата на Полска. Беше 4:2 за Полска, на крајот натпреварот заврши со резултат 5:4 за Ривер. Погодок на Франческоли беше поубав“, изјави Симеоне.
Во продолжение погледнете кој погодок Симеоне го смета за поубав од спектакуларните ножички на Роналдо.