
Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа десет средби
Актуелниот шампион на НБА Голден Стејт дури после продолженија стигнаа до победа над Лос Анџелес Лејкерси со 127:123.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Иако Вориорсите имаа предност во првиот дел, ниту во еден момент не успеаа да направат поголема предност. До најголемата предност стигнаа во првите 20 минути кога создадоа предност од 11 поени, за потоа домаќинот да се разбуди пред крајот на втората четвртина.
Лејкерси тогаш го превземаа водството, беа подобри во третиот период, за во последната четвртина да следи егал. Ниту еден тим не стигна до предност поголема од пет поени, а во самиот финиш се играше кош за кош, па веројатно и заслужено победникот беше одлучен во продолженијата.
Се беше решеное на 15 секунди пред крајот на продолжението, Стеф Кари промаши слободно фрлање, но топката некако повторно заврши во рацете на ѕвездата на Вориорсите. Лејкерси го фаулираа, па тој повторно доби слободни фрлања, домаќинот потоа немаше шанси да се врати во игра.
Најдобар во триумфот на Вориорсите беше Кевин Дурант со 29 поени, седум скокови и пет асистенции. Во редовите на Лејкерси Брендон Инграм постигна 32 поени и запиша пет скокови.
Вориорсите после овој натпревар стигнаа до 16 победа во сезоната и продолжија да го следат тимот на Хјустон кој е лидер во Запдната конференција. Лејкерси до овој момент имаше скор од 8/13.
НБА резултати:
Детроит – Феникс 131:107
Орландо – Оклахома 121:108
Филаделфија – Вашингтон 118:113
Њујорк Никси – Мајами 115:86
Торонто – Шарлот 126:113
Хјустон – Индијана 118:97
Њу Орлеанс – Минесота 102:120
Далас – Бруклин 104:109
Сан Антонио – Мемфис 104:95
Лос Анџелес – Голден Стејт 123:127 (после продолженија)