Дома Кошарка Видео: Голден Стејт на тронот, Дурент МВП

Видео: Голден Стејт на тронот, Дурент МВП

Кошаркарите на Голден Стејт ја одбранија титулата во НБА лигата, откако во финалето супериорно со 4:0 го победија Кливленд.

Четвртиот натпревар одигран на теренот, на Кливленд, Вориорс го добија убедливо со 108:85, а клучна беше третата четвртина.

Вориорс ја освоијата шестата титула во историјата на франшизата и станаа деветтиот тим во НБА историјата што до шампионскиот прстен стигнал без пораз.

Исто како и лани МВП наградата, за најдобар играч во финалето, ја доби крилниот играч на Голден стејт, Кевин Дурент.

За најдобриот играч на Кливленд Леброн Џејмс, кој можеби го одигра последниот меч во дресот на Кавалирс, ова беше шестти пораз во финалните натпревари, а четврти со Кливленд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ не ја доврши својата НБА-петка: Издвои три легенди, па запре

Никола Јокиќ именуваше само тројца во изборот за најдобри странски играчи во историјата на…