Дома Останати Кошарка Видео: Вестбрук сам ги победи Клиперси!

Видео: Вестбрук сам ги победи Клиперси!

Расел Вестбрук повторно одигра брилијантен меч, речиси сам го победи ЛА Клиперс и на најдобар начин го најави гостувањето на Оклахома во Оукленд кај Голден Стејт, чии дрес од оваа сезона го носи Кевин Дурент.

Расел Вестбрук постигна 35 поени, вклучувајќи и последните два на мечот во Лос Анџелес, со кои Оклахома славеше против Клиперси 85:83. Вестбрук на 35-те поени придодаде шест скокови, пет асистенции, три украдени, но и 10 загубени топки.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Вестбрук беше единствениот играч на Оклахома кој постигна двоцифрен број на поени. Плејмејкерот на Оклахома со брилијантната партија го најави дуелот против Голден Стејт и својот поранешен соиграч Кевин Дурент.

Чикаго Булс кој загуби на гостувањето во Бостон со 107-100, а Ајзеа Томас и Амир Џонсон со по 23 поени беа најефикасни во таборот на „биковите“.

Лејкерси ја совладаа Атланта во гости со 116-123, а ветеранот Лу Вилијамс со серија во последниот период (вкупно 18 поени) беше најзаслужен за успехот на „езерџиите“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Се појави снимка која докажува дека борбата помеѓу Тајсон и Пол била наместена? 🎥

Популарниот јутјубер Џејк Пол пред неколку дена боксуваше против легендарниот Мајк Тајсон,…