Дома Фудбал ВИДЕО Бојан Миовски повторно стрелаше за Абердин

ВИДЕО Бојан Миовски повторно стрелаше за Абердин

Во второто коло од групата „Г“ Абердин стигна до првиот бод во Конференциската лига откако на домашен терен со 1:1 ремизираше со ХЈК.

Финците водеа од 59 минута со голот на српскиот интернационалец Радуловиќ во 59 минута од средбата.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Шкотите го избегнаа поразот во 79 минута со погодокот на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.

За нашиот напаѓач тоа е трет гол сезонава на меѓународната сцена, претходните два ги имаше во плеј-офот на Лига Европа против шведскиот Хакен.

Во составот на ХЈК не беше нашиот голман Дејан Илиев кој се опоравува од повредата.

Од истата група ПАОК со 2:1 триумфираше над Ајнтрахт Франкфурт, па во генералниот пласман Грците се првопласирани со шест бодови, пред германскиот претставник кој има три, а по еден ХЈК и Абердин.

Во другите мечеви од второто коло во Конференциската лига: Астон Вила – Зрињски 1:0, АЗ Алкмаар – Легија 1:0, Чукарички – Генк 0:2, Фиорентина – Ференцварош 2:2, Нордсјеланд – Лудогорец 7:1, Трнава – Фенербахче 1:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пикси „отпиша“ една од најголемите ѕвезди: Додека сум јас селектор – нема да игра!

Српскиот селектор Драган Стојковиќ објави на прес-конференција дека играчот од средниот ре…