Фудбалерите на Монако се пласираа во полуфиналето во францускиот Лига Куп, откако по изведувањето на пенали беа подобри од Рен.
После регуларниот дел на натпреварот резултатот беше 1:1, а Монако после изведувањето на пеналите помина понатаму. Сепак, гледавме голема борба и во пеналите, каде после 11 серии домаќините имаа повеќе среќа.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Меѓутоа, натпреварот го одбележа неверојатниот Хатем Бен Арфа кој со доаѓањето во Рен ја врати старата форма. Во 30. минута кога гостите поведоа со 0:1, Бен Арфа направи дар-мар во противничката одбрана и асистираше при погодокот.
FFS, another petition to bring Hatem Ben Arfa back to #nufc then pic.twitter.com/GvLofgvmbv
— Neil Wood (@NeilAWood) January 9, 2019