Дома Фудбал Видео: Бензема се разбуди со две асистенции и гол, Роналдо двоен стрелец, погоди и Бејл – Реал убедлив!

Видео: Бензема се разбуди со две асистенции и гол, Роналдо двоен стрелец, погоди и Бејл – Реал убедлив!

Реал Мадрид денес запиша победа од 4:0 против тимот на Алавеш во рамките од 25 коло во шпанското првенство.

Очекувано, Реал Мадрид беше фаворит во овој натпревар. Но за првиот гол во мрежата на гостите се чекаше до финишот од првото полувреме. Карим Бензема успеа да се снајде на шеснаесетникот и со пета да го проигра Роналдо кој успеа да ја затресе провитничката мрежа.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


На самиот старт од вториот дел, фудбалерите на Реал Мадрид украдоа топка на средината од теренот и огранизираа одлична контра. Карим Бензема повторно беше во улога на асистент, а овој пат егзекутор беше Герет Бејл.

Во 61 минута Кристиано Роналдо го искористи одличното додавање од Лукас Васкез и успеа да го постигне својот втор погодок на натпреварот за водство од 3:0. Конечните 4:0 ги постави Бензема со голот од пенал на една минута пред крајот на средбата.



Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Изрешетан навивач на Партизан со осум куршуми во Белград (Видео)

Крвава пресметка во криминалното подземје повторно ја шокираше јавноста кога во саботата о…