Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: Барса го демолира Јувентус, рутина за скапите „светци“ и „ѓаволи“

Видео: Барса го демолира Јувентус, рутина за скапите „светци“ и „ѓаволи“

Барселона покажа дека е силна и без Нејмар па го декласираше Јувентус со 3:0 во првото коло од ЛШ. Рутински победи на Баерн, Челзи, ПСЖ и Јунајтед, без голови во Рим.

Дербито на вечерта се играше на „Камп Ноу“ каде Барселона уште еднаш покажа моќ и го декласираше италијанскиот шампион Јувентус, а херој за Каталонците повторно беше Лео Меси.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Во првото полувреме гледавме израмнета борба, Јувентус споредично се закани преку Игуаин, Дибала и Бентанкур, но при самиот крај Меси после една одлична акција го матираше Буфон и со предност замина на одмор.

Во второто полувреме видовме целосна доминација на Каталонците. Најпрво вон 56-та минута Меси одзеде една топка и го проигра Ракитиќ кој погоди за 2:0, а конечните 3:0 ги постави Аргентинецот во 69-та минута.

Најубедливи вечерва беа фудалерите на Челзи, кои го декласираа Карабах со 6:0. Педро и Запакоста ја отворија голеадата, за потоа меѓу стрелците да се запишат и Аспиликуета, Бакајоко, Батшуаи, а на крајот Медведев си постигна и автогол

Баерн Минхен со головите на Левандовски, Алкантара и Кимих славеше над Андерлехт со 3-0. Со истиот резултат Манчестер Јунајтед го победи Базел, а стрелци беа Фелаини, Лукаку и Рашфорд.

Триото на ПСЖ Нејмар- Кавани – Мбапе си поигруваше со Селтик и оствари висока победа од 5:0. Кавани постигна два гола, по еднаш погодија Нејмар и Мбапе, а домаќините си постигнаа и автогол преку Лустинг.

На останатите натпревари, Рома и Атлетико одиграа без голови, додека Спортинг Лисабон и ЦСКА Москва остварија гостински победи над Олимпијакос односно Бенфика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Роналдо има неколку големи желби кои сака да ги оствари пред да се пензионира

Иако има 39 години, Кристијано Роналдо не размислува за фудбалска пензија, а медиумите пиш…