Дома Фудбал ВИДЕО: Барди доби нов договор во Леванте со двојно поголема клазула!

ВИДЕО: Барди доби нов договор во Леванте со двојно поголема клазула!

Шпанскиот клуб Леванте објави дека македонскиот фудбалер Енис Барди ќе добие продолжување на договорот.

Македонскиот репрезентативец, кој откако дојде во Шпанија воодушевува со своите фудбалски квалитети, посебно со мајсторство во изведување на слободните удари, во Леванте пристигна од Ујпест за сума од 1.5 милиони евра.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Барди минатата сезона беше стрелец на девет погодоци, а пет од нив беа постигнати од слободен удар, оваа сезона успеа да биде стрелец на еден погодок кој беше ремек-дело од слободен удар.

Реномираниот „АС“ претходно и најави, а сега Леванте потврди дека Македонецот добива нов договор кој е продолжен до 2022 година, а неговата откупна клазула ќе биде зголемена на 50 милиони евра.

Во претходниот договор Барди имаше клазула од 25 милиони евра.

Барди за клупската телевизија истакна задоволство што е дел од Леванте и посака уште долги години да остане член на шпанскиот приволигаш.

https://www.facebook.com/LevanteUD/videos/529042134207002/

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо се сретна со едни од најмоќните луѓе во светот: Мојот син е негов голем фан

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, приреди свечена вечера за с…