Тимот на Јувентус направи историски пресврт против Атлетико Мадрид и се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампиони, иако во првиот меч загуби со 2:0.
Херој за „бјанконерите“ беше Кристиано Роналдо кој постигна хет-трик и покажа дека е човек за големи натпревари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Старата дама“ жестоко ги нападна „јорганџиите“ уште од првата минута, а Кристиано Роналдо беше едноставно незапирлив.
Во 27-та минута одбраната на Атлетико немаше решение на небесниот скок на Роналдо, кој го искористи одличниот центаршут на Бернардески и го донесе Јувентус во водство од 1:0. До крајот на првото полувреме „бјанконерите“ создадоа уште неколку шанси но не успеаа да постигнат гол.
Второто полувреме започна во ист ритам, а Роналдо уште еднаш беше највисок во петерецот и го принуди Облак од зад гол линијата да ја извади топката.
Потоа Алегри фрли се на една карта и во игра ги стави Дибала и Моис Кин, а тоа му се исплатеше. Во 85-та минута Кореа го фаулира Бернардески во шеснаесетникот, а Роналдо беше сигурен од белата точка за конечни 3:0 и пласман во четвртфиналето.
На другиот натпревар кој се играше на „Етихад“ немаше никаква неизвесност. Манчестер Сити до врв ја наполни мрежата на Шалке и победи со 7:0.