Дома Македонски спорт Мак фудбал Видео: Алиоски се врати во Прилеп и се вклучи во хуманитарна акција, прилепчани топло го пречекаа

Видео: Алиоски се врати во Прилеп и се вклучи во хуманитарна акција, прилепчани топло го пречекаа

Вчера изби голем стакндал откако македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски и неговото семејство беа избркани од ресторанот „Ла Страда“ во Прилеп, наводно бидејќи зборувале на албански јазик.

Алиоски со своето семејство моментално е во својот роден град Прилеп, каде влера доживеа непријатност во ресторанот „Ла Страда“, а скандалот веднаш стана главна тема во медиумите и доби големи размери, па дури се огласи и ФФМ.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Еден од сопствениците на ресторанот, Оливер Николоски изјави дека се работело за недоразбирање и дека Алиоски не бил избркан, туку бил замолен да се премести на друга маса.

За среќа целиот „скандал“ доби среќен епилог, откако Алиоски се приклучи на хуманитарната акција за помош на Дејан.

Тој неколку часа подоцна се врати во центарот на Прилеп каде беше топло пречекан од бројни навивачи на македонската репрезентација, па дури и подари негов дрес од Лидс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалерите биле изненадени: Аморим им се заканил дека ќе ги испрати во Бугарија!

Португалецот, Рубен Аморим започна со работа во Манчестер јунајтед, а на Островот пренесув…