Фудбалерите на Валенсија продолжија со одличните настапи оваа сезона.
На свој терен денес Валенсија го совлада Алвеше со 3:1 (2:0). Се играше 19 минута кога Родриго одигра двојно додавање со Заза по што ја погоди мрежата. Петнаесетина минуди подоцна Парехо изведе слободен удар од десната страна, а во казнетиот простор најдобро се снајде Заза кој го постигна својот 12 гол оваа сезона.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Гостите на самиот старт од вториот дел погодија и се вратија во игра. Во 49 минута Собрино со убав удар од далечина од работ на шесанесетникот го совлада Нето за 2:1.
Сепак само пет минути подоцна, Валенсија изгради добар напад, после кој сопствената мрежа ја погоди Лагурди за 3:1. Резултат кој на крајот се покажа и како конечен.