Дома Фудбал Лига на шампиони ВИДЕО+ФОТО: Измената на Вернер е најбизарната во историјата на Лигата на Шампионите

ВИДЕО+ФОТО: Измената на Вернер е најбизарната во историјата на Лигата на Шампионите

Најдобриот фудбалер на Лајпциг, Тимо Вернер го напушти синоќешниот натпревар против Бешикташ во 32. минута, но не поради повреда.

На младиот германски репрезентативец му сметаше огромната бучава што ја создаваа навивачите во Истанбул, па од својот тренер побара замена.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Наместото на Тимо Вернер, во игра влезе Лукас Клостерман, а тренерот на Лајпциг, Ралф Хазенхутл по натпреварот потврди дека одличниот напаѓач не излезе поради повреда и дека бучвата всушност е вистинската причина поради која играчот излезе од игра, но навистина ова делува бизарно.

„Во првите 15 минути бевме исплашени, бидејќи атмосферата за нас претставува нешто ново. Навистина беше многу бучно, а ние како млада екипа не сме навикнати на такви услови. Вернер морав да го заменам поради бучавата. Во текот на натпреварот му дадов и затки за уши, но не помогна. Ми рече дека не може да диши и дека сака да се одмори. Не имав избор, морав да го извадам од игра“, призна тренерот на Лајпциг.

„Нашите навивачи ја бодрат екипата, но на еден фер начин. На Вернер му сметаше таа бучава“, изјави тренерот на Бешикташ, Сенол Гунес.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Милнер руши рекорд во Премиер лигата

Џејмс Милнер договори едногодишно продолжување на договорот со Брајтон, објави клубот дене…