Дома Фудбал Лига на шампиони Видал ја збесна публиката во Неапол со два збора: Форца Јуве! (ВИДЕО)

Видал ја збесна публиката во Неапол со два збора: Форца Јуве! (ВИДЕО)

 Барселона се најде во проблеми пред реваншот во осминафиналето од Лигата на шампионите откако одигра 1:1 против Наполи во првиот натпревар.

Имено на 18. март на „Ноу Камп“ Барселона ќе игра без Серхио Бускетс и Артуро Видал кои ќе го пропуштат овој натпревар поради суспензија. Посебно непотребен беше црвениот картон кој во 89. минута го доби Видал. Чилеанецот беше исклучен поради неспортско однесување.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Темпераментниот играч за врска ја остави Барса неколку минути со десетмина, а при излегувањето од терен ги провоцираше навивачите на Наполи кои му испраќаа силни свирежи.

Видал им возврати и кон нив извика: Форца Јуве! Што сигурно дополнително ја налути публиката.

Ќе потсетиме, Видал е поранешен играч на Јувентус, клуб кој е веројатно најомразен во Неапол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Панчев верува: Македонија може против Данска!

Легендарниот македонски напаѓач Дарко Панчев е оптимист пред клучниот бараж дуел со Данска…