Поранешниот фудбалер на Јувентус Интер и Барселона, Артуро Видал, дебитираше за бразилскиот Атлетико Параненсе каде што пристигна од Фламенго.
Само што дојде во новиот клуб, Видал испрати критики за неговиот поранешен тренер, Хорхе Сампаоли.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Видал под водство на аргентинскиот стратег одигра 51 натпревар, но сега го нарече лузер.
„Навистина сум среќен што повторно играм, секогаш сум подготвен. Имав тренер кој е лузер, не знаеше да ги цени своите играчи. За среќа таа приказна сега е завршена и навистина сум среќен што нема да играм повеќе под негово водство“, изјави 36-годишниот фудбалер.