Дома Фудбал Репрезентации Видал на 37 години се врати во репрезентација, го повика селекторот кого го нарече „идиот“

Видал на 37 години се врати во репрезентација, го повика селекторот кого го нарече „идиот“

Чилеанскиот фудбалер, Артуро Видал се појави вчера на собирот на репрезентацијата пред два претстојни натпревари во квалификациите за Светското првенство.

Видал повеќе од една година беше надвор од репрезентацијата и последниот натпревар го одигра против Колумбија во септември минатата година.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


По слабите резултати на Чиле во квалификациите за Мундијалот во 2026 година искусниот фудбалер го критикуваше селекторот Рикард Гарека, па дури го нарече и „идиот“.

Видал сметаше дека сите фудбалери од „златната генерација“ на Чиле која ја освои Копа Америка во 2015 и 2016 треба да се повикаат.

„Би требало да сме во репрезентацијата, потребни сме“, изјави тогаш Видал.
Селекторот Гарека сакаше да ја подлмади селекцијата, но тоа подладување донесе очајни резултати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Англичаните им ги одземаат пасоши на хулиганите

Околу 150 навивачи на Челси и Манчестер сити на кои им е забрането влегувањето на стадион …