Фудбалерите на Интер синоќа се поразени на свој терен од Реал Мадрид (0:2) и со тоа скоро ги загубија шансите за пласман во нокаут фазата.
Интер во четирите натпревари во ЛШ освои само два бода и има само теоретска шанса за пласман во осминафиналето. Овој натпревар беше за заборав посебно за Артуро Видал кој во 32. минута доби два жолти картони, односно црвен.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Видал беше срушен во шеснаесетникот на Реал и бараше пенал, судијата само одмавна со раката, а тој жестоко реагираше кон судијата Тејлор кој за само неколку секунди му покажа два жолти картони.
Но, работата да биде уште полоша за Видал сега и Интер му го сврте грбот бидејќи од клубот се разочарани од неговото однесување. Конте е лут што Видал не ја почекал ВАР снимката ако толку бил сигурен дека е пенал.
Газета дело Спорт објави дека Интер дури сака и да го казни Видал, односно размислува дали тоа да биде парична казна или суспензија.