Ако им веруваме на дел од германските и англиските медиуми, Баерн спрема нешто веќе видено.
Џејдон Санчо е еден од најдобрите играчи во Бундес лигата и за неговите услуги владее голем интерес од неговата татковина каде што се споменуваат Челзи и Манчестер Јунајтед како потенцијални наредни станици на поранешниот член на академијата на Манчестер Сити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа сега се пишува дека во тракта влегол и Баерн.
Баерн од поодамна има стекнато репутација на клуб кој го соира најдоброто од Бундес лигата, а сме виделе повеќе трансфери на реалција Дортмунд – Минхен. Шампионот на Германија веќе некое време е во потрага по засилување на крилната позиција. Обидите да го доведат Хадсон-Одои од Челзи им беа неуспешни.
Баварците имаат финансиска моќ, трансферот на Санчо сигурно каде и да оди ќе достигне 100 милиону евра. Изгледа дека конечната одлука ќе биде само негова, сепак по реално е ваков трансфер да видиме на лето.