Измината вечер во италијанската Серија А беа видени неколку евроголови, мајстории изведува Дибала, Мартенс, Бернардески, Сусо, Лулиќ, Савиќ..
Љубителите на италијанскиот фудбал во вечерта која е зад нас веројатно жалат што немаа можност да следат повеќе натпревари и тие се играа во ист термин.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Евроголови имаше на сите страни, погодуваа мајсторите од Јувентус, Милан, Наполи.
Најбавиот гол на вечерта во навистина силната конкуренција можеби го постигна Федерико Бернардески…
Набрзо потоа и неговиот соиграч Паоло Дибала покажа каков мајстор е, тој постигна прекрасен погодок од слободен удар…
Од Џенова стигна сличен одговор, Дрис Мертенс со бомба од слободен удар погоди за изедначување.
Свој мајстор за убави погодоци има и Милан. Сусо во свој стил го совлада голманот на Киево, ова за него не е прв пат на ваков начин да ги погодува противничките мрежи.
Сергеј Милинковиќ Савиќ продолжува со фантастичните настапи овој пат тој беше стрелец на „шмекерски“ погодок од прва, по асистенцијата на Лулиќ.
Потоа и самиот Лулиќ постигна интересен погодок по асистенцијата на Луис Алберто.