Дома Фудбал Лига на шампиони Вечерва го добивме најмладиот стартер во историјата на нокаут фазата!

Вечерва го добивме најмладиот стартер во историјата на нокаут фазата!

Вечерва се враќа Лигата на шампионите со нокаут фазата и натпреварите Милан – Тотенхем и ПСЖ – Баерн, а посебно интересен податок има за составот на ПСЖ.

Имено, на натпреварот помеѓу ПСЖ и Баерн ќе го видиме најмладиот стартер во историјата на нокаут фазата во најелитното европско натпреварување. Станува збор за Варен Заир-Емери.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалерот роден 08. март 2006 година и ќе има прилика да заигра против Баерн од првата минута, па ќе биде интересно да се види како ќе се снајде.

Варен Заир-Емери има 16 години и 343 дена и ова ќе му биде втор натпревар во низа кој го стартува од првата минута кај ПСЖ. Пред три дена настапи во поразот од Монако во Лига 1 (3:1). Токму единствениот гол за „светците“ го постигна тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ван Дајк се огласи за својата иднина: Не очекував вакво прашање!

Вирџил ван Дајк ги отфрли сугестиите за летен трансфер во Реал Мадрид, но призна дека нема…