Дома Фудбал Италија Ветеранот кој доживува втора младост во Сампдорија пред потпис на нов договор

Ветеранот кој доживува втора младост во Сампдорија пред потпис на нов договор

Легендарниот италијански ветеран не престанува да ги тресе мрежите иако кон крајот на јануари ќе наполни 36 години.

Кваљарела оваа сезона во дресот на Сампдорија доживува втор младост и на 15 настапи во Серија А постигна девет погодоци и запиша пет асистенции, а сега се најде пред потпис со нов догово.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Скај Спорт“ пренесува дека Кваљарела потпишал нов договор кој ќе има важност до 2020 година и кој ќе има опција за продолжување на уште една.

Официјална потврда се уште нема, но ако им веруваме на италијанските медиуми истата би требало да пристигне наскоро.

Иначе, Кваљарела игра во страшна форма и успеа да постигне гол во последните шест натпревари во Серија А во низа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Неодамна беше сопственик на гигант, сега банкротира

Основачот на Suning групацијата, Жанг Ѕиндунг, беше сопственик на Интер од 2018 до 2024 го…