Tимот на Вест Хем продолжи да се засилува во новата сезона во која на европска сцена ќе игра во Конференциската лига.
Денес тимот на Дејвид Мојс го потврди шестото засилување, а тоа е Тило Керер. 25-годишниот германски дефанзивец во Лондон пристигнува од ПСЖ во трансфер вреден 12 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вест Хем за Керер ќе биде трет клуб во неговата професионална кариера, претходно беше дел од германски Шалке. Пред него Вест Хем летово ги доведе: Алфонс Ареола, Флин Фаунс, Максвел Корнет, Најеф Агуер и Џанлука Скамака.
Introducing summer signing number six… 🇩🇪⚒ pic.twitter.com/okVX305EzS
— West Ham United (@WestHam) August 17, 2022