Дома Останати Кошарка Вестбрук го помина Меџик Џонсон и испиша историја во НБА

Вестбрук го помина Меџик Џонсон и испиша историја во НБА

Хјустон го победи Њу Орлеанс и дојде до првиот триумф оваа сезона, а Расел Вестбрук оствари трипл-дабл учинок со кој се искачи на второто место на вечната листа.

Вестбрук оствари учинок од 28 поени, 10 скокови и 13 асистенции, што е негов 139 трипл-дабл во кариерата.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Со новиот трипл-дабл, кошаркарот на Хјустон го помина легендарниот Меџик Џонсон во второто место на вечната ранг листа, и сега пред него се наоѓа само Оскар Робертсон кој има дури 181 вакво остварување.

„Знам дека на сите ви изгледа дека трипл-дабл е нормална работа, но тоа бара многу енергија, пожртвуваност и подготовка за секој меч. Ова е големо постигнување. Посебно зашто како дете не можев ниту да помислам дека ќе играм во НБА, а сега сум во историјата“, изјави Вестбрук.

Резултати:

Милвоки – Мајами 126:131

Детроит – Филаделфија 111:117

Атланта – Орландо 103:99

Њујорк – Бостон 95:118

Чикаго – Торонто 84:108

Кливленд – Индијана 110:99

Хјустон – Њу Орлеанс 126:123

Јута – Сакраменто 113:81

Сан Антонио – Вашингтон 124:122

Феникс – ЛА Клиперс 130:122

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

НБА строго го казни кошаркарот кој го елиминира Јокиќ од плејофот

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер играа седум натпревари во полуфиналето на Западната ко…