Дома Македонски спорт Мак ракомет Веспрем продолжува да го „делка“ Вардар!

Веспрем продолжува да го „делка“ Вардар!

Унгарски Веспрем како да сака да направи цел тим од поранешни ракометари на Вардар.

Во последните години Веспрем доведе бројни ракометари на црвено-црните, а последен во низата изгледа ќе биде Данил Шишкарев.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Според последните најави Шишкарев од идната сезона ќе го носи дресот на унгарскиот тим. Шишкарев е еден од играчите најдолг стаж во Вардар, во Скопје е од 2014 година и беше дел од походот по двете европски титули.

Ако се остварат ваквите најави Шишкарев ќе им се придружи на Штербик, Манасков, Мораес, Борозан и тренерот Дејвис кои во минатото беа дел од Вардар, а сега се во редовите на Веспрем.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…