После веста дека Верона и понатаму не се откажува од намерата да го доведе Езгјан Алиоски како нова можна дестинација за Џани одново се споменува Трабзонспор.
Турскиот гигант преговараше со Алиоски по истекот на неговиот договор со Лидс, меѓутоа тогаш Алиоски се реши кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија. Сега овој клуб повторно е опција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите на турските медиуми Ал Ахли е спремен да го ослободи Алиоски за 2.5 милиони евра, додека Трабзонспор сака да понуди 1.5 милион.
Од друга страна тука е и Верона, сепак за понудата од италијанскиот калчолигаш се уште не се појавиле некои детали.