Дома Трансфер зона Верати откри каде сака да ја продолжи кариерата!

Верати откри каде сака да ја продолжи кариерата!

Марко Верати е еден од најбараните фудбалери во Европа и го сакаат готово сите големи клубови, англиски, италијански, шпански, но за неговата иднина секако се прашува Пари Сент Жермен.

Веќе подолго време медиумите шпекулираат дека Верати на крајот на сезоната би можел да го напушти Париз, а Италијанецот дипломатски откри во кој клуб би сакал да ја продолжи кариерата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Барселона е за мене најдобриот клуб во светот, доколку би имал прилика да бирам, би отишол таму“, изјави Верати кој напомена дека добро се чувствува во Париз.

Сепак, неговиот агент тврди дека ПСЖ не сака по никоја цена да се раздели со младиот плејмејкер и воопшто нема да преговата со заинтересираните клубови.

„Во Париз за тоа воопшто не сакаат да преговараат. Едноставно, не сакаат да го продадат Верати ни за 100 милиони евра. Ел Келаифи нема ни да ги слуша понудите, Верати не оди никаде“, истакна неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…