Дома Фудбал Останато Верати: Нервозни сме бидејќи немаме за што да играме

Верати: Нервозни сме бидејќи немаме за што да играме

Марко Верати призна дека фудбалерите на Пари Сент Жермен се нервозни затоа што во оваа фаза од сезоната немаат за што да играат.

ПСЖ веќе ја обезбеди титулата во Лига 1, но имаше многу поголеми амбиции во Лигата на шампиони каде беше елиминиран уште во осминафиналето.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Има одредена нервоза. Овие натпревари треба да бидат за забава. Нема тензија. Се ближиме до крајот на сезоната и по секој натпревар се чувствуваме налутени. Мислам дека можевме многу подобро да се претставиме со тимот што го имаме. Тоа беше тешка сезона. Вистина е дека на почетокот имаше многу промени и нови играчи, но тоа не е оправдување. Тешко е да се изгради тим кога има толку многу промени. Мора да ги земеме позитивните работи од оваа сезона и да се обидеме да се надградиме за следната“, прокоментира Верати.

„Против Реал се боревме многу добро и одигравме многу добро 150 минути. Ја освоивме титулата во Франција и тоа е добро. Мислам дека не ни недостига многу. Секој треба да даде повеќе. Имавме сон во Лигата на шампионите“, додаде Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан и Интер постигнаа договор за купување на „Сан Сиро“

Милан и Интер постигнаа договор за купување на регионот на „Сан Сиро“, каде што се наоѓа и…