Плејмејкерот на Пари Сент Жермен, Марко Верати смета дека парискиот клуб е блиску до нивото на актуелниот европски шампион Реал Мадрид.
Италијанецот призна дека ПСЖ е зависен од Нејмар и дека било многу тешко без Бразилецот да му се спротистават на „кралскиот“ клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во Лигата на шампиони беше тешко да му се спротиставиме на Реал Мадрид, но сме многу блиску до нивнито ниво. Тоа се натпревари на кои одлучуваат мали детали. Игравме добро во првиот меч, но противникот постигна предност од два гола. Во реваншот го немавме Нејмар, а тоа е исто како Барселона да биде без Меси“, истакна Верати.