Арсен Венгер во последно време ја смени трансфер политиката и донесе неколку сапи фудбалери како Мустафи, Џака, претходно Озил и Санчез.
Сепак, медиумите тврдат дека „топџиите“ нема да престанат со скапи трансфери и дека следна цел е тинејџерот на Монако, кој може да биде еден од најскапите трансфери во ерата на Арсен Венгер.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Станува збор за Килиан Мбапе, 17-годишен напаѓач кој оваа сезона игра стандардно во Монако и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Манчестер Сити и ПСЖ се силно заинтересирани, а медиумите тврдат дека во летниот преоден рок Гвардиола понудил 50 милиони евра, сума која Монако експресно ја одбил.
Француските медиуми тврдат дека Венгер веќе подолго време го следи младиот фудбалер и сака по секоја цена да го доведе на „Емирати“, па е спремен да плати рекордна сума за Мбапе, кој според експертите може да биде идна ѕвезда на светскиот фудбал.