Дома Фудбал Англија Венгер: Топ 4 во Англија е како освојување на трофеј!

Венгер: Топ 4 во Англија е како освојување на трофеј!

venger

Арсен Венгер на денешната пресконференција ја коментираше битката за Топ 4 во Премиер лигата и место кое води во Лигата на шампиони.

Арсенал би можел да го пропушти елитмиот турнир за прв пат после 20 години, па Венгер потсети дека воопшто не било лесно постојано да се завршува меѓу најдобрите четири во Премиер лигата.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Ќе биде голем предизвик да завршиме во топ четири оваа сезона, но мислам дека имаме шанси. Овој успех го постигнував 20 години, и секогаш изгледаше како ништо посебно, но одеднаш стана многу важно”.

„Луѓето сега разбираат дека не е толку лесно како што изгледа, и ако го слушнавте Пеп Гвардиола пред некој ден, тој рече дека дека топ четири во Англија е исто како освојување на трофеј”, изјави Венгер.

Францускиот стратег и овој пат одби да одговори на прашања поврзани за неговата иднина во Арсенал.

„Сум одговил на тоа прашање многу пати, а вие повторно ме прашувате. Не се секирајте, ќе разберете наскоро“, одговори Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Влаховиќ постигнува голови, но против Џенова и – се посрамоти! 🎥

Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ во последните три натпревари постигна пет гола, но…