Дома Топ вести Венгер спреми 100 милиони за овие тројца фудбалери!

Венгер спреми 100 милиони за овие тројца фудбалери!

Откако стана јасно дека Арсен Венгер и во наредните две години ќе остане на кормилото на Арсенал, денес англиските медиуми ги открија неговите планови на трансфер пазарот.

„Дејли Мејл“ пренесува дека францускиот стратег од раководството ќе добие буџет од 100 милиони евра кои планира да ги потроши на три засилувања.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Прва мета е ѕвездата на Лестер, Ријад Марез кој вчера и официјално потврди дека ќе го напушти клубот. Венгер во него гледа идеална замена за Санчез, а цената на трансферот би требало да изнесува околу 40 милиони евра.

Втора мета е играчот за врска на Монако, Томас Лемар кој одигра фантастична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти. Венгер по секоја цена сака да го види во својот тим следната сезона и веќе спремил понуда од 40 милиони евра.

Третиот фудбалер за кого е заинтересиран францускиот стратег е Карлос Бака кој сигурно ќе го напушти Милан ова лето, а Венгер во него гледа идеална замена за Жиру. Цената на овој трансфер би требало да изнесува околу 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…