Дома Трансфер зона Венгер спремен да ја плати клазулата за најдобриот стрелец на Барселона „Б“!

Венгер спремен да ја плати клазулата за најдобриот стрелец на Барселона „Б“!

Арсен Венгер повторно купува на Пиринејскиот полуостров.

Откако оваа сезона Барселона му даде шанса во шпанскиот куп, многу лесно би можела да го изгуби Хозе Арнаиз за кого Арсенал е спремен да плати 20 милиони евра, односно колку што изнесува клазулата во неговиот договор.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Талентите од „Ла Масија“ во последно време редовно ја напуштаат Каталонија, а тоа веќе го направија Жорди Мбула (Монако) и Ерик Гарсија (Манчестер Сити), како и тренерот Габри (Сион).

Арнаиз минатото лето пристигна во Барселона за сума од 3.4 милиони евра од редовите на Ваљадолид, а со настапите за вториот тим на Каталонците го привлече вниманието на Срсен Венгер кој е спремен да испрати конкретна понуда веќе во јануари, пренесува „Марка“.

Иако е прв стрелец на Барселона Б со шест погодоци, младиот напаѓач немаше многу прилика да тренира со првиот тим, а во сениорскиот тим на Барселона се појави два пати во натпреварите од купот каде што одигра 59 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…