Дома Фудбал Останато Венгер со совет до Санчез: Ти си како Зидан и Бекам, мораш да се навикнеш

Венгер со совет до Санчез: Ти си како Зидан и Бекам, мораш да се навикнеш

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер е свесен под каков притисок се наоѓа неговиот фудбалер, Алексис Санчез.

Санчез не успеа да го одведе Чиле на Светското првенство во Русија откако во последното коло од квалификациите оваа селекција загуби од Бразил со резултат 3:0.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Во секоја генерација постои играч во кој генерацијата положува огромни надежи и токму поради тоа тој е под голем притисок. Во Франција таков беше случајот со Зинедин Зидан, во Англија беше Дејвид Бекам, а во Чиле тоа е Алексис Санчез. Ниту еден друг Чилеанец не превзема толкав притисок на својот грб“.

„Алексис сака да биде лидер и лице на тимот. Се сеќавате дека кога Бекам  во 1998 година го фаулираше Диего Симеоне и доби црвен картон во натпреварот против Аргентина стана национален непријател. Едноставно големите фудбалери мораат да се навикнат на таквите работи“ изјави Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тежок удар за италијанскиот гигант: Дибала се здоби со тешка повреда – познато колку ќе паузира

Рома, четвртопласираниот клуб од италијанската лига, ќе остане месец и половина без својот…