Арсенал вчера вечер повторно беше поразен од Манчестер Сити со 3:0, овој пат на домашен терен на „Емирати“.
И додека поголемиот дел од навивачите бара од Французинот да замине од клубот, тој верува во она што го прави и е задоволен од својот тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Го одигравме физички најдобриот натпревар оваа сезона. Знаев дека првото полувреме ќе биде тешко, а за жал тие ја искористија секоја наша слабост во одбраната. Изгубивме од голем тим, најдобриот во Англија. Една од причините за поразот е што тие имаат и голема самодоверба, а ние ја немаме“, зборуваше Венгер.
Арсенал на последните пет натпревари во сите натпреварувања запиша четири порази.
„Поминуваме низ тежок период, но тоа е фудбалот. Не можам оваа ситуација да ја споредам со ниту една претходно, но јас работам максимално на тимот и сум фокусиран на следниот натпревар“, изјави Французинот.
На крајот тој ја прокоментира играта на Михтаријан и Обамејанг (новајлиите), Габонецот против Сити не реализираше пенал.
„Потребно им е уште време да се прилагодат. После секој пораз притисокот е поголем, но тие двајца само што пристигнаа, сигурен сум дека ќе бидат повеќе од успешни“. Заклучи Венгер.