Легендарниот менаџер Арсен Венгер тврди дека Арсенал ја загубил душата откако го напушти стадионот „Хајбери“.
Сезонава „топчиите“ сменија дури два тренери, но и под водство на Микел Артета, Арсенал се уште е далеку од старата слава.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Арсен Венгер, кој 22 години ги предводеше „топчиите“, како една од причините за падот на екипата е заминувањето од легендарниот стадион „Хајбери“.
„Се преселивме од Хајбери кој беше како Енфилд, а имавме душа на тој стадион. Изградивме нов, но никогаш не ја вративме душата, остана на Хајбери. Никогаш не можевме да ја повториме атмосферата, пред се од безбедносни причини“, изјави Венгер.