Дома Фудбал Англија Венгер: Ова ми се случува прв пат во кариерата!

Венгер: Ова ми се случува прв пат во кариерата!

Арсен Венгер после серијата лоши резултати призна дека ова му се случува прв пат во кариерата, но верува дека има искуство да излезе од тепката ситуација.

После двата тешки порази од Манчестер Сити, вчера „топџиите“ доживеаа уште еден катастрофален пораз во Премиер лигата, овој пат од Брајтон.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Ја разбирам фрустрацијата на навивачите. Игравме во финалето на Лига купот во средина од сезоната, а тоа може да биде голем проблем ако загубите. Поразот од Манчестер Сити ни донесе многу негативна енергија и поразот во четвртокот дополнително не погоди. Едноставно, денеска не можевме да играме“, изјави Венгер.

„Физички сме изморени, а ментално потрошени. Тоа се виде преку денешните грешки, ни недостигаше свежина за да ја направиме разликата на теренот. Едноставно е, кога сте потполно голи барате маица за да се облечете. Мораме да се држиме заедно, немаме други можности. Ова ми се случува прв пат во кариерата, не ми е лесно, но имам доволно искуство за да ги свртам работите во наша корист“, заклучи Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…